Мета: Наш АИ модел по грешка добил пристап до интернет и пробил систем на друга компанија

Макфакс

06/08/2026

07:39

322

Големина на фонт

а а а

Мета соопшти дека нивен модел за вештачка интелигенција, по грешка, добил пристап до интернет и пробил систем на друга компанија, што ги отвори дебатите за безбедноста на AI технологиите.

Мета соопшти дека еден од нејзините модели за вештачка интелигенција, за време на тестирање на сајбер-безбедноста, по грешка добил пристап до интернет и искористил безбедносна ранливост за да пристапи до системите на друга компанија.

Според компанијата, до инцидентот дошло поради погрешно конфигурирана тест-околина, за што била одговорна независната компанија „Ирегулар“. Мета наведува дека не станува збор за „бегство“ на моделот од контролираната средина, туку за пропуст при тестирањето.

Порталот The Information објави дека во инцидентот бил вклучен моделот Muse Spark 1.1, кој наводно изменил дел од интерната компјутерска инфраструктура на неименувана компанија.

Како што пренесува Ројтерс, слични безбедносни инциденти претходно пријавија и Anthropic и OpenAI, што дополнително ги засили дебатите за сајбер-ризиците поврзани со сè помоќните AI модели. Белата куќа оваа недела организираше средба со водечките компании од секторот за да разговараат за нова рамка за тестирање на безбедноста на напредните AI системи.