Алонсо ќе го добие тоа што го посакуваше: Челси ја обезбеди замената за Кукурелја

Дерби

05/08/2026

12:51

194

Големина на фонт

а а а

Челси нема да игра во европските купови во престојава сезона, но без разлика на тоа клубот одлучи да му даде одврзани раце на менаџерот Чаби Алонсо да направи сериозни промени и да доведе доста играчи во овој преоден рок.

Роџерс, Лакроа, Палестра, Барко, Велбек и Хендерсон се играчи кои пристигаа летово, листа на која набрзо ќе биде додаден и Пеп Чаварија. Се работи за лев бек на кој инсистираше Алонсо, дефанзивец кој досега ги бранеше боите на Рајо Валјекано.

Тој треба да биде замена за Марк Кукурелја кој замина во Реал Мадрид. Инаку Чаварија има 28 години и од 2022 го носеше дресот на поранешниот тим на Столе Димитриевски.

Според „Марка“ премиерлигашот за него ќе издвои 21 милиони евра, плус 3 милиони евра како бонуси.