Карагер го откри својот фаворит за титулата во ПЛ: Две екипи се во игра…

Дерби

05/08/2026

11:06

440

Големина на фонт

а а а

Со секој изминат ден сме се поблиску до новата сезона во Премиер лигата, натпреварувачката 2026/2027 во која титулата ќе ја брани Арсенал.

„Топчиите“ по повеќе од две децении дојдоа до врвот на англискиот фудбал и тоа откако три сезони во низа завршуваа на втората позиција.

За многумина Арсенал е убедлив фаворит и се издвојува за пехарот за престојнава сезона, но Џејми Карагер не го дели ставот дека клубот од северен Лондон е толку пред другите, односно верува дека Манчестер Сити е многу силен ривал, па дури и му дава предност пред се ако го задржи Родри во своите редови.

- Каде сме сега, и знаеме дека има уште еден месец до трансфери, можам да ги видам само Арсенал или Сити. Постои прашање бидејќи тој [Мареска] е нов во улогата, но јас сум обожавател на Мареска во однос на тоа што прави на теренот, во однос на тоа што се случуваше во Челси, во однос на тоа како го гледав тактички и како се поставуваше, -вели Џејми кој го гледа Сити како шампион.

- Мислам дека Сити. Причината зошто мислам дека Сити е тоа што мислам дека беа блиску минатата година. Знам дека Пеп си замина, го разбирам тоа. Кога го имаш истиот менаџер десет години, другата страна на она што луѓето ќе го кажат е дека е тешко да се дојде по него. Само нешто малку ново, малку свежо. Мислам дека ако Родри замине во Реал Мадрид, тогаш не би го рекол тоа, но во однос на тоа каде се тие во моментов… Ако сте Сити, која е поентата да се продаде Родри? Која е поентата?, - порачува Карагер кој уште од старт ги отпиша Ливерпул и Манчестер Јунајтед.