Црвена Звезда иако го имаше статусот на фаворит не успеа да обезбеди позитивен резултат против Хапоел Бер Шева во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Српскиот првак загуби со 1-0 во Унгарија и сега предизвикот ќе биде уште поголем да се мина оваа пречка иако Звезда и понатаму има предност за место во наредната фаза со оглед на квалитетот, знаењето, искуството, но и фактот дека реваншот го игра на домашен терен во Белград.
Сепак има притисок, постои нервоза и тоа се почувствува по изјавата на тренерот Дејан Станковиќ за кого постои опасност одново да го не однесе тимот во елитното натпреварување.
- Дали мислите дека фудбалот ќе престане ако не влезам во Лигата на шампионите по четврти пат? Не ми е удобно, но ќе направам сè во реваншот. Секогаш има притисок во Црвена Звезда. И првиот пат и сега. И за тренерите и за играчите. Сакам притисокот да биде врз мене, играчите да бидат помирни. По реваншот ќе ги сведиме сметките, - порача Станковиќ.






