Францускиот напаѓач, Рандал Коло Муани повторно ќе го гледаме во Италија и тоа на познато место во Торино каде ќе го носи дресот на Јувентус.
Коло Муани мина неколку успешни месеци во Јувентус во 2025 година, меѓутоа таа позајмица не се претвори во трансфер и тој дури во овој преден рок се врат назад откако една сезона мина во Тотенхем.
Сега е фудбалер на „старата дама“ со договор до 2031 година и порачува дека ќе даде се од себе за да се остварат зацртаните цели.
- Конечно, ми олесна. Сакав да се вратам веќе некое време, и овој момент дојде. Тоа е приказна што не е завршена; сакав да ја завршам. Затоа направив сè што е можно за да се обидам да се вратам. Ќе продолжиме да ја пишуваме оваа прекрасна приказна, - порача Французинот.






