Манчестер Сити го комплетираше трансферот на Елиот Андерсон кој стана втор најскап британски фудбалер во историјата и тоа е засега единстена голема вест кога се во прашање нови фудбалери, но од друга страна, актуелниот англиски вицешампион остана без искусни имиња како Бернардо Силва, Натан Аке и Џон Стоунс.
Заминувањата на имиња кои имаа долг стаж во клубот го тераат Енцо Мареска да го смета летниот преоден рок за далеку од завршен, но ако самиот Италијанец најави голема активност до крајот на месец август, исто така медиумите најавуваат и две операции кои можат да се случат во спротивна насока.
Имено, Бразилецот Савињо е голема трансфер мета на Тотенхем и Манчестер Сити не планира да му стои на патот на крилото кое сака поголема минутажа, но тој не е единствениот фудбалер од кој „граѓаните“ имаат за цел да се „опарат“ до крајот на месец август.
Трансферот на Савињо во Тотенхем се очекува да достигне измеѓу 60 и 70 милиони фунти, но за слична сума, Сити лесно би се откажал и од играчот кој не се наметна кај Пеп Гвардиола.
Тијани Рајндерс пристигна од Милан за сума од 47 милиони фунти, но после една година во Сити, клубот е подготвен да слуша понуди за него, особено поради тоа што постои голем интерес од премиерлигашки клуб.
Според последните информации, Нотингем Форест е подготвен да пазари од Сити после добрата соработка која ја имаа двата клуба за Елиот Андерсон, а клубот од Манчестер е подготвен да го отстапи Холанѓанецот на „шумарите“ за сума од 60 милиони фунти.






