Дизелот поскапува трет пат по ред и ќе достигне 100 денари за литар, откако Мицкоски најави намалување на цените, а од СДСМ реагираат дека неговите најави резултираат со нови поскапувања.
Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари, велат од СДСМ.
„Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени. Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените – носи ново поскапување“, пишува во соопштението.






