Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари

Макфакс

04/08/2026

10:50

172

Големина на фонт

а а а

Општина Центар почна со изградба на нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“, инвестиција вредна скоро 6 милиони денари, со цел подобрување на воспитно-образовната инфраструктура и замена на стариот ѕид од пред 25 години.

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

Инвестиции во образовната инфраструктура

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј”, следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски” и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов“, рече градоначалникот.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандардите, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.