[ВИДЕО] Со дронови погоден магацин во близина на Санкт Петербург

Макфакс

04/08/2026

08:08

473

Големина на фонт

а а а

Во напад со дронови во близина на Санкт Петербург беше погоден магацин, што е дел од долгорочна кампања на Украина насочена кон руската цивилна инфраструктура со цел принудување на Русија на мировни преговори.

Во напад со дронови беше погоден магацин во близина на Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, објави денес регионалниот гувернер Александар Дрозденко на Телеграм.

Гувернерот не го именуваше сопственикот на магацинот. Сепак, локалните жители објавија снимки од нападот на социјалните мрежи, велејќи дека Украина целела магацин во сопственост на логистичкиот гигант „Вајлдбери“, таканаречениот руски Амазон.

Соседна Финска, членка на Европската Унија и НАТО, воведе привремена зона за ограничување на воздушниот сообраќај во источниот дел од Финскиот Залив, објавија финските одбранбени сили на платформата X.

Напади врз руската цивилна инфраструктура

Од средината на јули, Украина нападна магацини во сопственост на популарната руска платформа за онлајн купување „Вајлдбери“, честопати наречена „руски Амазон“ поради широкиот спектар на производи и брзата испорака низ целата земја.

Нападите врз магацините се дел од долгорочна украинска кампања насочена кон цивилната инфраструктура во Русија, чија цел, според владата во Киев, е да ја принуди Русија да преговара за мировен договор.