Русија и Северна Кореја градат мост, Украина стравува од нови воени испораки

Макфакс

03/08/2026

14:40

189

Големина на фонт

а а а

Русија и Северна Кореја го завршуваат изградбата на патен мост кој ќе ги поврзе двете земји. Украина изразува загриженост дека мостот би можел да биде користен за транспорт на севернокорејски војници и воена опрема. Овој проект е дел од стратегиско партнерство меѓу Русија и Северна Кореја, кое предизвикува реакции на меѓународно ниво.

Русија и Северна Кореја го привршуваат новиот патен мост меѓу двете земји, кој официјално е наменет за зајакнување на трговијата, но во Украина стравуваат дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и оружје, пренесува Дојче веле.

Мостот се гради во близина на единствената копнена граница меѓу двете земји и е дел од договорот за стратешко партнерство што Москва и Пјонгјанг го потпишаа во 2024 година.

Украинската организација „Truth Hounds“ смета дека економските аргументи за изградбата не се убедливи, бидејќи трговската размена меѓу двете земји е значително помала од вредноста на проектот. Аналитичарите оценуваат дека мостот би можел да ја олесни испораката на војници и воена опрема, бидејќи транспортот со камиони е потешко да се следи отколку железничкиот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна предупреди дека Русија би можела да ангажира уште до 30.000 севернокорејски војници, додека дел од аналитичарите сметаат дека Пјонгјанг за возврат добива руска воена и нуклеарна технологија.