Претрес во Куманово, пронајдени марихуана и дробилка, приведен 42-годишник

Макфакс

02/08/2026

16:10

152

Големина на фонт

а а а

Во Куманово, полицијата изврши претрес во куќа на 42-годишник од село Биљановце при што беа пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Лицето е приведено и се очекува поднесување на пријава.

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 42-годишен жител на кумановското село Биљановце, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана и дробилка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, акцијата била спроведена на 1 август околу 12:25 часот, кога бил приведен М.М. (42) од село Биљановце.

При претресот во неговиот дом, извршен по претходно издадена судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и дробилка.

Од Министерството информираат дека по целосното документирање на случајот против М.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.