СДСМ: За две години државата е задолжена за над две милијарди евра

Макфакс

31/07/2026

17:20

237

Големина на фонт

а а а

СДСМ обвинува дека јавниот долг на државата достигнал речиси 11 милијарди евра и дека за две години владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ задолжила повеќе од две милијарди евра, додека граѓаните се соочуваат со ниски плати и други проблеми.

СДСМ обвини дека јавниот долг на државата достигнал речиси 11 милијарди евра, односно околу 60 проценти од бруто-домашниот производ, оценувајќи дека граѓаните не ги чувствуваат ефектите од новите задолжувања.

Од партијата тврдат дека за две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжила државата за повеќе од две милијарди евра, а граѓаните добиле ниски плати, отсуство на зголемување на минималната плата, проблеми со водоснабдувањето, недостиг од реформи и застој на евроинтеграциите.

„Мицкоски и Кочоска се фалат со ‘стабилност’. Евростат вели – најнизок животен стандард во Европа. Бројките велат – 11 милијарди долг. Граѓаните го плаќаат“, се наведува во соопштението на СДСМ.