Францускиот студент Дидие Гаспар Овен Максимилиен (19), кој бил обвинет за нарушување на јавниот ред и мир во Сингапур затоа што ја излижал сламката од автомат за сок од портокал, а потоа ја вратил назад во автоматот, денес беше казнет со минимална парична казна од 600 сингапурски долари (400 евра).
За ова кривично дело, според законот, е предвидена и максимална казна до три месеци затвор, пренесе БМФ.
„Полесен прекршок“
Максимилиен признал дека на социјалните мрежи објавил видео на кое се гледа како ја враќа во автоматот сламката што претходно ја лижел.
При донесувањето на одлуката, судијката Кели Хо изјавила дека, имајќи ги предвид „возраста и природата на прекршокот“ на младиот Французин, нема да бидат разгледувани алтернативни мерки како условна казна или општествено корисна работа.
Singapour: un Français âgé de 18 ans risque la prison pour avoir léché une paille pic.twitter.com/novIlDDtSn
— BFM (@BFMTV) April 27, 2026
Обвинителите се согласиле со судијката, наведувајќи дека станува збор за прекршок од помала тежина, бидејќи, иако навистина дошло до прекршување на хигиенските стандарди, никој не ја употребил сламката што тој ја лижел и ја вратил во автоматот, па затоа „нема докази дека е причинета штета“.
Замениле 500 сламки
Според локалните медиуми, Максимилиен објавил видео на Инстаграм на кое се гледа како го изведува чинот со опис: „Градот не е безбеден“.
Компанијата „iJooz“, која е сопственик на автоматот за продажба на сок од портокал, соопшти дека по инцидентот ги заменила сите 500 сламки во автоматот.
Инцидентот се случил на 12 март во трговски центар во Сингапур.







