Првиот човек на италијанскиот фудбал откри каква порака добил од капитенот Донарума по назначувањето на Манчини

Дерби

30/07/2026

11:11

320

Големина на фонт

а а а

Турбулентниот период во италијанскиот фудбал заврши со фаќање на целосно нов курс со нови легендарни имиња како лидери на проектот, бидејќи после одбивањето на опцијата да се ангажира Андреа Пирло како селектор на националниот тим, Федерацијата се најде во позиција да бара и нов технички директор.

Паоло Малдини си поднесе неотповиклива оставка во друштво на Леонардо и само после 16 денови ја напушти репрезентацијата, а големиот хаос кој настана на „чизмата“ вчера беше завршен со официјалната прес-конференцијата на која во лидери на проектот беа претставени Роберто Манчини и Клаудио Раниери.

Манчини се враќа на клупата на Италија после три години и тој е добро познат за добар дел од репрезентативците, додека Раниери се врати од пензија за да ја извршува улогата на технички директор која остана празна по заминувањето на Малдини.

Одлуката за назначување на овој двоец ја донесе исклучиво претседателот Џовани Малаго, кој на јавноста сега и откри и каква била реакцијата на капитенот Донарума.

– Габриеле Гравина како поранешен претседател на Федерацијата ми се јави по најновата одлука и ми порача дека тој би го направил истото. Ми порача дека и тој би ги избрал Манчини и Раниери. Минатата ноќ, добив порака и од Џиџио Донарума. Ми се заблагодари за изборот и порача дека тоа се имињата кои биле посакувани од цел тим, – откри Малаго.