Анчелоти бара алиби: Испаднавме од Норвешка поради спорното правило на ФИФА

Дерби

30/07/2026

10:58

210

Големина на фонт

а а а

ФИФА имплементираше низа нови правила пред стартот на Светското првенство и најави дека дел од нив ќе важат само за турнирот во САД, Мексико и Канада, а ова посебно важеше за контроверзното правило поврзано со задолжителната пауза на средина на полувремињата.

Наместо две полувремиња од 45 минути, на изминатиот мундијал гледавме натпревари со четири четвртини, бидејќи триминутната пауза во секое од полувремињата беше задолжителна и се имплементираше без оглед на временските услови.

Ова правило налути голем дел од фудбалерите и селекторите кои сметаа дека се губи моментумот во даден момент од мечот, па водејќи се по тоа размислување, Карло Анчелоти вели дека Бразил испаднал од Норвешка токму поради паузата за хидратација во второто полувреме.

– Светското првенство го загубивме за време на паузата за освежување на натпреварот против Норвешка. Натпреварот го имавме под контрола до тој момент. Вистина е дека Норвешка имаше поголем посед на топка, но воглавно тоа беа ситуации на нивната половина. Можеби направив и неколку грешки со мои одлуки, малку го променив тимот, а потоа настанаа проблемите со голот на Халанд. Кога ќе примите гол во 80-та минута на Светско првенство, многу е тешко да реагирате и да се вратите, – изјави Анчелоти, кој ја брани и својата одлука да го стави Нејмар во игра.

– Нејмар во тој момент беше фит, тренираше добро неколку денови и мораше да влезе во игра. Ми се допадна неговиот пристап и неговото залагање за тимот и мислам дека тој му помогна на тимот. Можеби моја грешка беше што претходно ја променив структурата на тимот пред тој да влезе во игра, – изјави Карло.