Уште една важна промена: Кукурелја го истетовира Де ла Фуенте, па сега ја промени и фризурата

Дерби

30/07/2026

10:46

304

Големина на фонт

а а а

Марк Кукурелја даде низа ветувања за време на Светското првенство во обидот да биде доста поинтересен за јавноста во својата земја, а откако Шпанија стана светски шампион, голем дел од новинарите, но и самиот селектор побараа од него да си стои до зборот и да го исполни главното ветување.

Левиот бек најави дека ќе го истетовира ликот на Луис де ла Фуенте доколку Шпанија освои втора светска титула во својата историја, па откако тоа се случи, Кукурелја побрза да си го исполни ветеното.

Набрзо по шампионската прослава во Мадрид, Кукурелја посети тату-артист и го истетовира ликот на Де ла Фуенте на својата рака, а неколку дена подоцна, привлече внимание со уште еден новитет.

Летната пауза ја користи за да внесе неколку промени на себе, а сега дојде ред и на неговата бујна коса која доби сосема поинаков лик со плетенки.

Кукурелја ќе има продолжен одмор по крајот на Светското првенство и тоа е сосема заслужено, по што за него ќе следи уште една предизвикувачка етапа на професионален план бидејќи од неодамна стана член на Реал Мадрид.