Челси пред промоција на втор ветеран: Легенда на Ливерпул е неочекувано летно засилување за Чаби

Дерби

30/07/2026

10:42

169

Големина на фонт

а а а

Челси успеа да го договори Дани Велбек и ги реши сите детали околу ангажманот на искусниот напаѓач за кој ќе бидат исплатени околу 7 милиони евра, но набрзо по ексклузивата за досегашниот напаѓач на Брајтон, се приведе до крај и веста за вториот ветеран за кој се заинтересира Чаби Алонсо.

Сосема неочекувано, шпанскиот стручњак реши во својот тим да придодаде фудбалери кои се во поодминати години и кои имаат големо искуство, а покрај Дани Велбек кој е поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Челси во овој преоден рок ќе се засили и со легенда на Ливерпул.

Џордан Хендерсон спогодбено го раскина договорот со Брентфорд и како слободен агент ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“, вест која веќе ја пренесоа сите угледните англиски медиуми.

Според информациите, ветеранот ќе потпише двегодишен договор со „сините“ и ќе има за задача да донесе цврстина и искуство во средниот ред, а како активен англиски репрезентативец, дефинитивно не можеше да замисли подобра вест откако ја скрши раката на Светското првенство.

Хендерсон има 36 години и долгогодишно искуство во Премиер лигата, а убедливо најдобар период од неговата кариера беше оној во Ливерпул каде играше цели 13 години.