Камерниот оркестар на МММ вечерва на Охридско лето

Макфакс

28/07/2026

07:40

85

Големина на фонт

а а а

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“, прославувајќи 40 години од своето постоење со голем број на млади музичари и значајни диригенти.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски, С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ.

Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.

Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.