Малолетник со нерегистриран мопед без возачка дозвола учествувал во сообраќајка

Макфакс

27/07/2026

14:33

117

Големина на фонт

а а а

Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар управувал нерегистриран мопед без возачка дозвола и учествувал во сообраќајна незгода, по што бил приведен од полицијата.

Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар бил приведен откако управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во неделата околу 23 часот на улицата „Браќа Блажевски“ во Гостивар.

Од полицијата информираат дека мопедот му бил одземен, а по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.