И се заканувал на 71-годишната мајка, па ја нападнал со остри предмети

Макфакс

25/07/2026

15:50

252

Големина на фонт

а а а

Во Велес, 42-годишник бил приведен по пријава од неговата 71-годишна мајка дека по расправија во домот, тој ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, предизвикувајќи телесни повреди и рушење на предмети.

Вчера во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.