Американец најден починат во хотелска соба во Скопје

Макфакс

25/07/2026

13:50

230

Големина на фонт

а а а

Во хотелска соба во центарот на Скопје е пронајден починат Американец. Полицијата и Итната медицинска помош ја констатирале смртта без видливи траги на насилство, а телото било предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил најден починат Р.Р.Ц.(43) од САД.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи  траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.