Малолетник со убодна рана донесен во болница

Макфакс

25/07/2026

13:40

179

Големина на фонт

а а а

Малолетник бил донесен во болница со убодна рана на градниот кош, повредата се случила во скопската населба Гази Баба, а инцидентот се случил при игра без намера за повреда. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје.

Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.