Речиси целата потрошувачка на струја во мај покриена од домашното производство

Макфакс

25/07/2026

12:22

242

Големина на фонт

а а а

Во мај 2026 година речиси целата потрошувачка на електрична енергија во Македонија е покриена од домашното производство, покажуваат податоци за бруто-производството и потрошувачката на енергенти како јаглен, природен гас и нафтени продукти.

Во мај 2026 година, вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија, покажуваат претходните податоци за енергетиката.

Вкупната потрошувачка на енергенти во овој период изнесувала 479.603 мегават-часови електрична енергија, 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас, 264.997 тони јаглен и 78.468 тони нафтени продукти.

Според податоците, речиси целата потрошувачка на јаглен, односно 99,9 отсто, била искористена за производство на електрична енергија.

Во споредба со мај 2025 година, потрошувачката на природен гас е зголемена за 4,8 отсто. Од Државниот завод за статистика наведуваат дека растот се должи на работата на топлинските постројки, кои во истиот период минатата година не биле активни.

Од друга страна, потрошувачката на нафтени продукти во мај 2026 година е намалена за 8,5 отсто во однос на истиот месец претходната година.