Викенд со сонце и стабилно време, нов бран дожд и нестабилност од понеделник

Макфакс

25/07/2026

09:00

195

Големина на фонт

а а а

Прогнозата за времето најавува сончеви и стабилни услови за време на викендот, со локална облачност и благо топло време, но нов бран дожд и нестабилни услови се очекуваат од понеделник.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.