Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски користи дрон за да ја детектира белата пена во Лепенец и Вардар, што предизвика реакции од СДСМ кои имаат критики кон неговиот пристап кон еколошките проблеми во регионот.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон. Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар, велат од СДСМ.
„Прво вештачка интелигенција за билборд. Сега дрон, за пена во река. Додека граѓаните во пет града не смеат да ја пијат водата, а во Скопје тече синтетичка пена, власта и градоначалникот се натпреваруваат кој ќе употреби поскапа играчка. Можеби следно ќе лансираат сателит.
Или ќе ја ангажираат НАСА да ја напише стратегијата за чисти реки“.
Проблемот, според СДСМ, не е во технологијата. Проблемот, како што оценуваатм е во тоа што овие луѓе, како што велат, не знаат ни основни работи да завршат, а глумат дека ќе решат еколошка катастрофа.







