Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор

Макфакс

24/07/2026

16:20

119

Големина на фонт

а а а

Министерот Борче Серафимовски одржа работна средба со претставници од винарската индустрија со цел да воспостави инклузивен дијалог за подобрување на квалитетот и конкурентноста на македонскиот вински сектор и да ја зајакне позицијата на македонското вино на странските пазари.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одржа работна средба со претставници на винарии членки на здружението „Вина од Македонија“, како и со претставници на други поголеми винарии.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици во секторот, како и за потребата од координиран пристап меѓу институциите и винарската индустрија.

Серафимовски ја истакна подготвеноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да води инклузивен и континуиран дијалог со сите засегнати страни, насочен кон заеднички, реални и одржливи системски решенија. На средбата посебен акцент беше ставен и на потребата од понатамошно унапредување на стандардите, квалитетот на финалниот производ и конкурентноста на винарската индустрија.

Се разговараше за можностите за зацврстување на позицијата на македонското вино на постоечките странски пазари, како и за отворање нови извозни можности.

Квалитетот и заедничката промоција се основа за посилно меѓународно позиционирање на македонското вино“, истакна на средбата министерот Серафимовски.