15-годишник со мопед излетал од патот во Охрид, тешко повредени тој и 17-годишна сопатничка

Макфакс

24/07/2026

13:30

172

Големина на фонт

а а а

Во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која 15-годишен мопедист и неговата 17-годишна сопатничка се здобиле со тешки телесни повреди по излетување од патот.

Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Охрид, откако мопед излетал од патот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска во 00:35 часот и се случила на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид.

Според информациите, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач и неговата 17-годишна сопатничка од Охрид. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“.

Извршен е увид.