Вчера се играа мечеви од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а на еден од нив се случи една необична ситуација која ретко се гледа и која беше пресудна за конечниот епилог.
Имено на соочувањето меѓу Дунајска Стреда и Вележ домаќините славеа со 1-0 со еден бизарен пенал. Клучниот момент се случи во 59. минута, кога фудбалерите на составот од Мостар направија аматерска грешка, при изведување гол-аут, Рибиќ му ја додаде топката на Омеровиќ, кој се збуни и ја фати со рака мислејќи дека тој треба да го изведе гол-аутот.
Судијата покажа на белата точка и сигурен реализатор беше Гагуа.







