Интер никако не успева да ја реши таа десна позиција во екипата, играч кој ќе може да одговори на дефанзивните и офанивните задачи.
Прво Челси му го „украде“ Марко Палестра, а потоа пропадна и договорениот трансфер на Анан Халаили од белгиски Ројал Унион Сант-Жилоас. Израелецот требаше да се пресели во Милано за сума од 30 милиони евра, ги мина медицинските прегледи, ама беа забележани некои неправилности кога е во прашање срцето и на крајот не доби дозвола да игра во Серија А.
Ова значеше дека Анан ќе мора да се врати во стариот клуб од каде испрати јасна порака.
- Секогаш се фокусирав на мојата кариера, секогаш верував и ќе го дадам најдоброто од себе. Се чувствувам добро, се чувствувам здраво, се чувствувам совршено. Подготвен сум да играм и да тренирам напорно, да го дадам најдоброто од себе, 100 проценти. Одиграв 99 натпревари во последните две години и играв речиси 90 минути на секој натпревар. Се чувствувам многу добро, се чувствувам врвно, - порача Изралецот кој дефинитивно е разочаран од развојот на настаните, но останува максимално посветен на тоа што следува.
Инаку италијанските правила се далеку построги од која било друга нација кога станува збор за проверка на срцевата функција. па затоа играчи како Едоардо Бове и Кристијан Ериксен кои имаат вградени дефибрилатори не смеат да играат во Италија и кариерите мораа да ги продолжат на друго место.







