Променливо облачно време со дождови и невремиња

Нетпрес

24/07/2026

07:52

244

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).

За време на викендот, времето ќе биде стабилно.

Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, ќе има в понеделник, а од вторник времето повторно ќе биде стабилно, со постепен пораст на температурите, прогнозира УХМР.