Зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово, соопшти ЈП „Комунален сервис“ – Валандово

Макфакс

23/07/2026

09:50

123

Големина на фонт

а а а

ЈП „Комунален сервис“ од Валандово информира дека во градскиот водовод е утврдено зголемено ниво на арсен, поради што се препорачува водата да не се користи за пиење додека не се добијат нови резултати. Се преземаат мерки за контрола и анализи на квалитетот на водата.

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.

Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. „Водата може да се користи исклучиво како техничка вода.

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни контроли и анализи на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена.

Ви благодариме за разбирањето и апелираме до сите граѓани да ги почитуваат дадените препораки до добивање на официјално известување дека водата е безбедна за употреба“.