Во петок локален дожд, викендов сончево време

Макфакс

22/07/2026

17:50

164

Големина на фонт

а а а

Прогноза за времето во Македонија ветува локален дожд во петок, додека викендов ќе владее сончево и стабилно време со пораст на дневните температури. Во понеделник се очекува повторно нестабилност.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.