Кривични против Германец, Србин и Косовец фатени со фалсификувани возачки дозволи на влез во земјава

Макфакс

22/07/2026

17:10

164

Големина на фонт

а а а

Одделението за прекуграничен криминал во Куманово поднесе кривична пријава против тројца странци поради фалсификување возачки дозволи при обид за влез во земјата преку граничниот премин Табановце.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Тројцата во саботата, на 18.07.2026 на граничниот премин Табановце, на влез во државата, на полицајците им дале фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана германска возачка дозвола и фалсификувана турска возачка дозвола.