Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

22/07/2026

09:10

199

Големина на фонт

а а а

Статијата ја презентира критиката од ВМРО-ДПМНЕ кон кандидатот Валбон Лимани за одбегнување на одговорност во случајот со скандалот со водата во Гостивар и го истакнува молкот на СДС, ДУИ и Таравари како поддржувачи кои не бараат одговорност.

Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму тоа

както што додаваат, е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори.

„Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем

граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е?

Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари

Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат“.

Според владејачката партија, никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност.

Ги повикуваат надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации.

„Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност

а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки.

Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар“.