НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026: „Најдобра банка за физички лица“

Точка

21/07/2026

15:26

200

Големина на фонт

а а а

НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство.

Како лидер во кредитирањето на населението со пазарно учество од 23,5%, НЛБ Банка во 2025 година оствари раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението. Банката истовремено забележа највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како финансиски партнер од доверба за граѓаните.

Паралелно со растот на своето работење, НЛБ Банка продолжи интензивно да инвестира во дигитализација и развој на современи банкарски решенија. Континуираниот раст на користењето на дигиталните канали, постојаното унапредување на мобилното и електронското банкарство, како и фокусот на едноставно, безбедно и современо клиентско искуство, претставуваат значаен придонес кон препознавањето на Банката како лидер во банкарството за физички лица. 


Успешната стратегија и континуираните резултати на НЛБ Банка се препознаени од меѓународната експертска јавност. Во 2025 година, Банката по дванаесетти пат беше прогласена за „Банка на годината“ од магазинот The Banker, а на овa признаниe се надоврзува и наградата „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, која дополнително ја потврдува нејзината водечка позиција на македонскиот банкарски пазар.

НЛБ Банка останува посветена на својата Стратегија 2030, со јасна амбиција да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Во таа насока, дигиталната трансформација продолжува да биде еден од клучните двигатели на растот и унапредувањето на услугите, овозможувајќи им на клиентите побрзо, поедноставно и посигурно банкарско искуство. Паралелно, Банката продолжува да инвестира во решенија што создаваат долгорочна вредност за клиентите, заедницата и економијата.