Николоски: ВизЕр поставува седми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа

Макфакс

21/07/2026

12:30

290

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, авионската база на ВизЕр го достигна својот седми авион, што ја прави третата најголема база во Европа. Ова значајно унапредување е добиток за ависообраќајот и бројката на патници во Македонија, притоа со растечка мрежа на нови дестинации.

Воведувањето на седмиот авион во базата на „ВизЕр“ во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот седми авион на „ВизЕр“ во Скопје.

„Ова е трета најголема база што ‘ВизЕр’ воопшто ја има и се надевам дека за многу брзо време скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на пласирани, односно по број на авиони коишто се поставени на аеродромот. Ова е големо достигнување, нешто со што и многу национални авиокомпании не можат да се пофалат и затоа јас често знам да кажам дека ‘ВизЕр’ практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките го покажуваат тоа, дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси не се случајни и овие успеси се резултат на заедничка работа“, рече Николоски.

Кажа дека „ВизЕр“ лани превезе 1.700.000 патници, а веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патни, што, според Николоски, е јасен показател за раст.

„Во првите шест месеци двата аеродроми, Охрид и Скопје има над 2 милиони патници. Се надевам таа бројка ќе продолжи и во вториот дел од годината. И ако пред неколку години се боревме за 2 милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо – а тоа е 4 милиони патници годишн, нешто што е реално остварливо. Многу нови дестинации, многу нови авио рути. Две се отворија само оваа недела: за Алгеро (Италија, Сардинија) и за Палермо (Италија, Сицилија), а исто така зборуваме и за нови авиолинии од Вроцлав и Катовице за Охрид“, рече Николоски.