Министерката за финансии Кочовска призна дека без ребаланс на буџетот нема да има пари за исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, при што од СДСМ укажуваат на катастрофалната економска политика на ВМРО-ОКГ и финансиската криза што следува.
Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, велат од СДСМ.
Со други зборови, додаваат од партијата, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон граѓаните.
„Ова е директно признание за катастрофалната економска политика на ВМРО-ОКГ. Наместо да признаат дека буџетот е празен поради нивното расипништво, задолжувања и криминални тендери, тие се обидуваат да го претстават ребалансот како нешто нормално и развојно. Реалноста е поинаква: по две години власт, ВМРО-ОКГ е принудена да прави ребаланс за да не дојде до блокада во исплатата на платите и пензиите. Ова е резултат на нивната неспособност, лажни ветувања и економска политика која ја турка Македонија во финансиска криза. Граѓаните не треба да бидат измамени со зборови како „развоен ребаланс“. Ова е ребаланс на криза која самите ја создадоа. ВМРО-ОКГ дојде на власт ветувајќи подобар живот, а сега признава дека без нови задолжувања и ребаланс, нема да може да ги исплаќа ниту платите, ниту пензиите. Тоа е вистинското лице на оваа криминална власт“, велат од СДСМ.







