Уапсен пијан возач на дигалка на автопатот Велес – Скопје

Макфакс

20/07/2026

17:50

365

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси возач на дигалка кој управувал товарно возило со алкохол во крвта и без одобрение за вонгабаритен превоз на автопатот Велес-Скопје. Против него се преземаат соодветни мерки согласно законот со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Полицијата уапси професионален возач кој управувал товарно возило вршејќи вонгабаритен превоз без одобрение и под дејство на алкохол.

Денеска во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници, уапсен е возач на товарно возило „волво“ со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз, а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол од 1,81 промили.

Против возачот К.З.(62) од Прилеп се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкци за безобѕирно управување со моторно возило како и прекршочна санкција од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вршење на вонгабаритен превоз без одобрение и барање за поведување на прекршочна постапка за правно лице и одговорно во правно лице.

„Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.