Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со Модуларната каде виновен беше кабелот, а не Филипче, најавува ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

20/07/2026

10:20

352

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ реагира за епидемијата од труење со вода во Гостивар, најавувајќи правен епилог и споредба со случајот на Модуларната болница, каде не беше изречена казна за одговорните.

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за епидемијата во овој град.

„СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли.

Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен“.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од оваа партија, е задно со Гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните.