Фатална несреќа при сеча на дрва кај Пехчево: Маж почина на пат кон болница

Макфакс

18/07/2026

16:40

316

Големина на фонт

а а а

Педесет и осумгодишен маж загина при сеча на дрва во близина на селото Панчарево, кај Пехчево. Повредениот починал на пат кон болницата, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Педесет и осумгодишен маж починал откако се здобил со повреди при сеча на дрва во близина на пехчевското село Панчарево.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 17 јули во 18:42 часот во СВР Штип било пријавено од Итната медицинска помош – Пехчево дека околу 18:10 часот добиле повик да интервенираат во близина на селото Панчарево, каде Ј.Ѓ. (58) се повредил при сеча на дрва, додека бил заедно со својот син.

На пат кон здравствената установа, Ј.Ѓ. им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, телото на починатиот е дадено на обдукција.