Сончево и топло време со температура до 39 степени, попладне услови за дожд

Макфакс

18/07/2026

08:50

283

Големина на фонт

а а а

Денес времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 39 степени, а попладне се очекуваат услови за пороен дожд и грмежи во одредени делови од земјата.

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне наместа ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 38 степени.