Нема да бидеме хистерични секој пат кога ќе се појави некој лудак во Белград: Рама за изјавата на министерката за етничко чистење на Косово

Макфакс

17/07/2026

16:40

237

Големина на фонт

а а а

Албанскиот премиер Еди Рама ги коментираше реакциите на јавноста и политичарите во Албанија околу изјавата на српската министерката Снежана Пауновиќ за етничко чистење на Косово, нагласувајќи дека нема да реагира хистерично на секој провокативен говор во Белград и дека власта одговорила на соодветен начин.

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на критиките на дел од јавноста и политичарите во Албанија за тоа што не проговорил јавно по изјавите на министерката за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ, која рече дека во 1998 година, доколку имала можност, етнички ќе го исчистела Косово.

Рама напиша на социјалната мрежа Икс дека Албанија одговорила преку институциите како што е пропишано.

„Идејата дека секој човек што има јавен глас, секоја институција и секој орган мора да реагира на секоја глупост изговорена на српски јазик, дури и кога ја изговараат луѓе за кои дотогаш знаеле само нивните семејства, покажува колку малку почит имаат кон себе и својата земја, оние што прават врева и бараат објаснување зошто овој или оној не проговорил“, рече Рама.

Како што изјави, владата реагирала преку министерот за надворешни работи, „на начин на кој се однесува една земја што се почитува себеси“.

„Кој и да очекува да станеме хистеричен хор секој пат кога некој лудак ќе се појави во Белград и ќе почне да зборува глупости, погрешно се обраќа. Доволно е да се погледнат овие дежурни коментатори од Тирана, кои наоѓаат „мртов коњ“ за да се претстават како воини на фронтот, така што веднаш е јасно зошто нивната категорија заслужува само уште една доза сожалување. А ако сакате од чудење да се фатите за главад мора да најдете време и да ги прочитате“, заклучи Рама.

Медиумите потсетуваат на скандалозната изјава на министерката за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, дека доколку била на власт кон крајот на деведесеттите години, ќе го „исчистела етнички Косово“ предизвика остри осуди од опозицијата, граѓанскиот сектор и Европската комисија. Таа се обиде да се оправда, велејќи дека изјавата е извадена од контекст, апоред написите.