Јувентус го промовираше Џеф Екатор како прво летно засилување кое приситгна од редовите на Џенова, а две недели подоцна, пристигна вест за ангажман на уште еден играч од ривалски клуб во Серија А.
Лучијано Спалети и оперативците на Јуве режираа неочекувана „кражба“ на фудбалер кој имаше се договорено со Рома, па така во иднина Зеки Челик ќе го гледаме во црно-белиот дрес на великанот од Торино.
Турскиот репрезентативец ги договори сите услови за продолжување на договорот со Рома и требаше само да се потпишат документите, но фактот што „волчицата“ остави простор да му истече досегашниот договор на 30-ти јуни, му овозможи на Јувентус да ја расипе операцијата.
Интензивните преговори на „старата дама“ го натераа дефанзивецот да ја извиси Рома, па денеска веќе позираше со новите обележја на Јувентус.
Во објавата на Јувентус се потенцира дека е потпишан договор до јуни 2029-та година, што го прави Челик и второ официјално засилување за „бјанконерите“.







