[ВИДЕО] Шок среде програма во живо: Лебарка лазела по вратот на водителката, нејзината реакција е вирална

Точка

16/07/2026

22:44

550

Големина на фонт

а а а

Репортерката на американската телевизија КТЛА 5, Рејчел Менитоф, стана хит на социјалните мрежи откако за време на јавување во живо ја задржа присебноста и покрај тоа што голема летечка бубашваба ѝ слета на маицата.

Додека известуваше од населбата Шерман Оукс во Лос Анџелес за екстремниот топлотен бран што ја зафати Јужна Калифорнија, инсектот слета на нејзината црна маица, а потоа почна да се движи кон вратот и микрофонот.

Иако на снимката може да се забележи дека за момент ги раширила очите од изненадување, Менитоф не ја прекинала репортажата. Не извикала, не оттурнала ништо од себе и продолжила да зборува како ништо да не се случува. Дури откако го завршила јавувањето, мирно ја оттурнала бубашвабата.

Нејзината реакција ги воодушеви и колегите во студиото. Водителите на утринската програма повторно ја пуштија снимката, прикажувајќи го моментот во забавена снимка за гледачите, а низ смеа заклучија дека малкумина би останале толку смирени во таква ситуација. Водителката Меган Хендерсон особено ја пофали нејзината професионалност, истакнувајќи дека ретко кој би успеал да ја задржи присебноста пред камерите.

Видеото брзо стана вирално и собра повеќе од 100 илјади прегледи на јутјуб-каналот на телевизијата, а коментарите беа преполни со пофалби.

„Таа е шампион на ‘Фир фактор’“, напиша еден корисник, додека друг коментираше: „Јас ќе врескав на цел глас. Заслужува покачување за ова.“

Многумина признаа дека во таква ситуација би доживеале паника пред камерите, оценувајќи дека смиреноста на репортерката е навистина

импресивна.