Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Макфакс

15/07/2026

18:35

155

Големина на фонт

а а а

Кир Стармер, премиерот во заминување на Велика Британија, изјави дека ја оставил земјата во подобра состојба отколку кога ја презел функцијата, потенцирајќи достигнувања како зајакнување на правата на вработените и намалување на детската сиромаштија.

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол.

Стармер, кој се повлекува од функцијата премиер следната недела, зборуваше во парламентот и ја бранеше работата на својата влада.

„Секој премиер знае кога ќе го земе факелот во раце дека ќе дојде ден кога ќе мора да го предаде тоа“, рече Стармер, додавајќи дека ова е „крајот на неговото политичко патување“.

Стармер ги наведе зајакнувањето на правата на вработените, мерките за намалување на детската сиромаштија и зголемувањето на буџетот за одбрана како најважни достигнувања на неговата влада.

Негов наследник ќе биде новиот лидер на Лабуристичката партија, Енди Бернам, кој официјално ќе го преземе раководството на партијата во петок, а кралот Чарлс III ќе го назначи за премиер во понеделник.