Лионел Скалони ги прави завршните подготовки за дуелот против Англија, но во увертирата за второто полуфинале на Светското првенство, аргентинскиот селектор говореше и за првиот патни во финалето.
Прес-конференцијата на Англија и Аргентина се поклопи со терминот кога завршуваше првото полуфинале во Далас, па двата полуфиналисти вечерва дознаа со кој тим би играле доколку се пласираа во големото финале.
Фудбалскиот мастерклас на Шпанија го виде цел свет и Тухел беше првиот кој испрати честитки, но рамнодушен не остана и Скалони кој инаку е добар пријател со шпанскиот селектор, Луис де ла Фуенте.
– Не го гледав цел меч на Шпанија, но од тоа што го видов, ми изгледаше како најцелосна и најкоплетна партија на овој мундијал. Ова беше најдобра верзија од еден тим на Светското првенство.
– Среќен сум за Де ла Фуенте, тој навистина ги заслужува сите успеси и сите пофалби. Станува збор за извонредна личност, се што гледам во неговата селекција сакам да го имаме и во нашата. Ако не ни оди добро со Англија, ќе му се јавам пред финалето. Сепак, се надевам дека тој повик ќе го одложам за после финалето. Се надевам дека нема да му се јавам пред финалниот меч, – изјави Скалони.






