Во Куманово е поднесена кривична пријава против 56-годишен маж кој под дејство на алкохол извршувал психичко и физичко насилство врз своето семејство, вклучувајќи и обид за напад врз сопругата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 3 од КЗ.
Пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне.
П.Ц. е пренесен во Психијатриската болница Демир Хисар.







