МВР потврди: Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Макфакс

15/07/2026

08:54

2.174

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој избега од полициска станица во Кочани. По него беше распишана меѓународна потерница и е приведен во Кисела Вода за понатамошна постапка.

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По него беше распишана меѓународна потврница.

„На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Од таму велат дека Лазаров е спроведен во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.