Кинеските социјални мрежи ги преплави несекојдневна снимка од автомобил на „BYD“, на кој, според објавените кадри, на улица му се одвоил дел од погонскиот склоп, што предизвика лавина од реакции и шеги меѓу корисниците на интернет.
Еден од најзабележителните коментари гласеше: „Изгледа како природно породување“, алудирајќи на начинот на кој големиот метален дел се одвоил од возилото.
Сепак, поединечни експерти и локални медиуми наведуваат дека најверојатно не станувало збор за моторот, туку за заштитна плоча или дел од долниот склоп на автомобилот, поради што првичните тврдења што се проширија на социјалните мрежи беа доведени во прашање.
A BYD car was seen with its engine detached on a street in China, with the incident quickly going viral and prompting a flood of jokes on social media. One commenter quipped, "Looks like it was a natural birth." pic.twitter.com/oBrNhmhoMv
— TRT World (@trtworld) July 13, 2026
Нема официјално соопштение од компанијата
Засега „BYD“ официјално не го коментираше виралното видео, ниту, пак, е потврдено под какви околности дошло до инцидентот.
Во последните неколку години, „BYD“ стана најголемиот светски производител на електрични и plug-in хибридни возила, според бројот на продадени автомобили, а неговите модели се сè позастапени и на европскиот пазар.
Токму поради тоа, секоја ваква снимка привлекува огромно внимание од јавноста, иако во првите часови по нејзиното објавување често се покажува дека информациите што кружат на социјалните мрежи не се целосно точни.




