[ВИДЕО] Штерјова: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Макфакс

14/07/2026

11:40

223

Големина на фонт

а а а

СДСМ реагира на случајот со нарко дилерот Александар Лазаров – Цуната, кој избегал од Македонија и бара оставка од министерот во МВР Панче Тошковски поради неговата наводна вмешаност и непостапување во овој случај.

Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ и со Миле Лефков од ВМРО побегна од Македонија, реагираат од СДСМ.

„ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната.

Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница.

Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање.

Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор.
Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше“.

Тошковски, според Кети Штерјова од оваа партија, остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта.

Како што наведува, Тошковски има многу прашања за одговарање, но пред се треба да понесе одговорност.

„Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски.

Оставка Панче“.